Студиото „Јаехук Лим“ ја креираше прекрасната стилска пегла „Ауди“.
Дизајнерите од студиото со дизајнирањето на овој производ го претставуваат совршениот софистициран и доминантен дизајн на „Ауди“ автомобилите.
Дискретната линија на ЛЕД осветлувањето ја осветлува пеглата кога е вклучена, но исто така служи и како разнобоен индикатор за температурата на грејната плоча.
Харизматичното хромирано лого се наоѓа на предната страна на пеглата и и нуди изглед кој неодоливо потсетува на автомобил кој го „возите“ по вашата облека.