Со помош на архитектонски и дизанерски тимови НАСА внесе звуци од вселената во ново изградениот орбитален павилјон. Техниката заснована на ист принцип по кој го слушаме шумот на океанот во школката, посетителите на павилјонот можат да ја слушнат песната од сателитет кои орбитираат во вселената.
Павилјонот во облик на школка е мобилен и во него можат да се слушнат движењата на 19 сателити кои орбитираат околу Земјата.
Конструкцијата дебитираше на минатогодишниот Светски научен фестивал што се оддржа во Њујорк.
Објектот е креиран од 325 метри квадратни алуминиумски панели, сечени со воден притисок избраздени со над 100 орбитални движења и сместени заедно во алуминиумски цевки.
Овие звучници се распоредени на девет точки во дијаметар на ентериерот и програмирани од страна на комозиторот Шане Мирбек да мапираат преведуваат и емитуваат звуци од сателитите во реално време.