ФОТО: Ова се станови за милионери, во случај на нуклеарен напад

Од:

Британски „Телеграф“ пренесе дека милионерите имаат можност да купат луксузни станови во подземната зграда, која што се наоѓа на тајна локација, во близина на градот Конкордија, во Канзас и на тој начин да преживеат евентуален нуклеарен напад.

Според наводите некогашните нуклеарни силоси пред неколку години ги купил Лари Хол и ги направил во луксузна скривница, за да ја преживее „апокалипсата“ на 21-ви декември 2012 година.

stanoviNapad1

Таканаречените станови за преживување чија што цена се движи помеѓу 1,5 и 4,5 милиони долари, се наоѓаат во две згради, а едната од нив веќе е распродадена.

Инаку како што се наведува станарите во овие згради, ќе имаат пристап до библиотека, базен, бар, кино, спа третмани и многу други видови на забава.

stanoviNapad3

Сопствениците на кучиња ќе имаат каде да ги шетаат своите миленици, а можно е да се занимаваат и со разни спортови, како што се стрелаштво и искачување по вештачка карпа.

Во случај на нуклеарна војна или некоја друга катастрофа, комплексот ќе биде обезбеден со чист воздух, вода и храна за 70 лица во тек на пет години.

stanoviNapad4

Според пишувањето на „Телеграф“ комплексот има свој извор на електрична енергија, резервоар за вода со капацитет од 300.000 литри и систем за прочистување на воздух, кој може да издржи нуклеарна, биолошка и хемиска војна.

Зеленчукот би се одгледувал во хидропонска градина, а зградите содржат и рибник, амбуланта, простории за телкомуникација и метеоролошка станица.

Помалите станови можат да примат до пет лица, додека поголемите до 10 и сите потполно се опремени со купатила и џакузи.

stanoviNapad2

Ентериерот е ултра модерен со осветлување кое имитира сончева светлина и видео екрани, кои прикажуваат сцени по избор. Силосот е изграден од бетонски ѕидови, чија што дебелина изнесува околу три метри, а врвот ќе биде покриен со купола дизјанирана да издржи ветрови од околу 800 километри на час.

Се наведува дека во момент на армагедон, по сопствениците на становите и останатите станари ќе дојде оклопно возило, кое ќе ги однесе до нивните луксузни станови за преживување.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски