Кон крајот на март компанијата „Фејсбук“ отвори нови простории за работа во Мекло паркот во Силиконската долина, која се наоѓа во Сан Франциско, Калифорнија.
Дизајнот за овој комплекс кој се протега на речиси 40.000 квадратни метри го осмислил познатиот архитект Френк Гери.
Самата зграда има голем деловен простор, кој се наоѓа помеѓу паркинг и градина на кровот од градбата.
-Од почеток Марк сакаше да има простор кој ќе биде скромен и исплатлив. Комплексот мораше да биде флексибилен поради честите промени – изјавил Гери.
Инаку според наводите комплексот веќе добил златен лед сертификат од американскиот Совет за зелена градба.
Е.Г.