ФОТО: Ова е Фулеко, маскотата на Мундијалот во Бразил

Од:

Малиот „оклопник“ наречен „Фулеко“, што е кованица за зборот фудбал и екологија на португалски, е маскота на овогодишното Светско првенство во фудбал кое ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули во Бразил.

Армадило ( на шпански „оној кој има оклоп“) е цицач кој живее во Северна и Јужна Америка. Постојат околу 20 видови армадили, кои се разликуваат по бројот на кругови на оклопот. Нивната просечна должина е околу 75 сантиметри, вклучувајќи ја и опашката.

fuleko1

Видот на армадил, избран за маскота на Светското првенство, живее во североисточен Бразил. Се одликува по тоа што може да се собере во топка за да се одбрани од нападите, пренесува Б92.

Бразилските еколози покренаа кампања за заштита на армадилите, маскотата на овогодишното Светско првенство во фудбал.

Претставничката на здружението за заштита на природата Катинг, Лијана Сена, истакна дека на малиот оклопник му се заканува истребување поради сечење на шумите и ловот. Местото на армадилите во Бразил се смета за деликатес.

fuleko2

Таа се надева дека тоа што е избран за маскота на Светското првенство, е „помош на општеството и владата да станат свесни за значењето на спасувањето на армадилите и нивното природно живеалиште“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата