Познатиот архитект Артур Ериксон дизајнираше современо поткровје во Ванкувер, кое е сместено во зградата „The Waterfall Building“, која исто така е негово дело.
Модерниот стан во целост е реновиран со цел да се обезбеди најдоброто во смисла на луксузот, бидејќи комбинира неворојатен поглед на Ванкувер.
Ентериерот на поткровјето се простира на две различни нивоа со отворен животен простор на долниот кат и приватни соби сместени на горното ниво.
Бетонските скали со ограда од стакло водат на највисокото ниво од станот, каде има мал забавен простор. Од спалната соба има прекрасен поглед на станот.
Приватниот влез од спалната соба води до прекрасната тераса на покривот.