Светлосната композиција со невообичаено име „Schproket light“ е јасно инспирирана од механиката.
Осветлувањето користи низок напон, и го креира овој магичен круг на мали сијалици. Во суштина, дизајнерот Кристофер Моулдер сакал да експериментира со осветлување кое нема да користи никакви жици или приклучок за струја, па почна да експериментира со нисконапонски сијалици. Оттука Schproket користи ксенонски сијалици со висока ефикасност.