На љубителите на оптички илузии сега им се пружа можност оваа своја страст да ја пренесат во своите домови со користење на тридимензионални (3Д) подови.
Овие подови се така изработени што оддаваат привид на тридимензионалност на сликите во зависност од тоа под кој агол се гледа во нив.
3Д подовите се карактеризираат со тоа што се топли при допир, мазни се и се отпрорни на механички оптоварувања, а спречуваат и појава на мувла во влажни простории.
Овие декоративни подови можат да траат и до десет години, бидејќи се цврсти и отпорни на абење, а покрај тоа и лесно се одржуваат.