Посетителите на „Вивид Сиднеј фестивал“ оваа година беа во можност да го доживеат тоа да се биде внатре во огромен калеидоскоп.
Јапонскиот просторен дизајнер, Масакази Ширане го вгради овој „Light Origami“, голема шилеста купола со 3Д калеидоскоп внатре, на средината на улицата. Музичкиот простор содржи 320 панели со огледала кои рефлектираат психоделични дизајни во согласност со движењата и дезенот на облеката на луѓето.
Целта која ја постави Масакaзи Ширане е создавање на интерактивен простор каде што самите луѓе „дизајнираат“ и „креираат“. Дизајниран како зашилена купола, овој волшебен калеидоскоп е чуствителен на надворешноста и поставен на улица поради уживање на минувачите.
Направена од 320 рефлективни алуминиумски композитни панели, куполата нудеше можност на посетителите да ја гледаат својата реалност на сосема поинаков начин.