Сместена во Менло Парк во Калифорнија, куќата импресионира со својата модерна естетика.
Куќата е замислена како удобен, светол и отворен дом. Старата викендичка од 900 метри квадратни е реновирана и додадени и се 500 метри квадратни.
Објектот сега е преплавен со природна светлина, собите се изградени од одржливи градежни материјали, со беспрекорна поврзаност со отворениот простор.
Технологијата за заштеда на енергијата, недостигот од непотребни декоративни детали, отворениот простор и светлото се предуслови за мирен живот.
Прозорците овозможуваат пасивно греење во текот на зимата и придонесуваат за природна вентилација во летните месеци. Предниот и задниот дел на куќата се конструирани од дрво.
Дневната соба е многу светла. Влезот е едноставен, лесен и функционален. Трпезаријата се отвора со голема врата кон терасата и дворот.