Компанијата „А фор Архитекчр“ од Мелбурн трансформираше стара работничка барака во двокатна куќа за млада брачна двојка со деца.
Куќата „Валијант Хаус“ е сместена на мало парче земјиште во еднонасочна улица, каде оригиналната колиба поседувала само една соба која пружала поглед кон градината и бањата. Сопствениците на овој дом барале целосно нова куќа, која ќе се состои од флексибилни простории, наменети за деца и возрасни, заедно со ентериерот кој на идеален начин е поврзан со дворот одзади.
Високите плафони се искористени максимално, заедно со светларниците со рефлектирачки површини, за да пружат илузија на дополнителен екстериерен простор. Целиот заден ѕид е креиран од прозори кои исто така го осветлуваат ентериерот со дневна светлина.
Двете спални соби останале позиционирани на предниот дел на куќата, додека остатокот станал отворен план на простор во кој се сместени кујната, трпезаријата и дневната соба.
Собата за пеглање и сушење, бањата и кујната, се изградени во централниот дел, кој исто така ја вклучува и спалната соба и дозволува двата ходника да „патуваат“ кон долу од двете страни на екстериерните ѕидови.
Косите плафони на задниот дел на куќата се обложени со дрво кое исто така се употребува за поплочување на централниот блок на просториите во куќата. Во текот на реновирањето е одржан изгледот на оригиналните ѕидови од цигла, нивната неправилност и сите карактеристики кои се додаваат на овој модерен простор со дополнителна карактерна линија. Геометриското отварање на врвот на куќата е осликано за да емитира заострена конструкција на кос покрив.