Основни карактеристики на Сваровски брендот се – иновација, умешност и модерност или како што вели креативниот директор на компанијата Натали Колин „рефлексија на тоа колку ја цениме и вреднуваме својата ’брилијантност за се‘ филозофија“.
– Со вонвременските и модерни трендови, за сите типови луѓе и сите прилики, постојано демонстрираме дека стилот и техничката експертиза може да се вклопат на најдобар можен начин, изјави Колин.
Ѕвездата на новата колекција е часовникот „Кристал Лејк“, кој со својот примамлив бројчаник и елегантното мало куќиште од блескав сафирен кристал му дава за нијанса софистицираност и елеганција на изгледот.
Не е за потценување ниту моделот „Кристалин Пјур“ со боја на шампањско, украсен со 850 розево-златни кристалчиња и со темно-сива кожена каишка.