Во центарот на Белград ќе се гради комплекс „Скајлајн“ (Skyline Belgrade) на израелскиот архитект Ами Мура.
Проектот ќе биде со вкупна површина од 68.000 метри квадратни, од кои 34.000 метри квадратни ќе бидат нанемети за станбен простор, 30.000 за деловем, а поврина од 4.000 метри квадратни ќе бидат одвоени за комерцијални цели.
Под комплексот ќе има гаража со вкупно 900 паркинг места.
Комплексопт ќе има три кули, од кои централната ќе биде самостоен објект висок 129 метри, а другите две кули ќе бидат со висина од 77 и 64 метри.
Планирано е изградбата на комплексот да почне во август годинава, а се предвидува целосно завршување за околу пет години.