Станот од 30 метри квадратни се наоѓа во бразилскиот град Куритиби и е сопственост на поранешна балерина.
При реновирањето е проширена заедничката површина и е оптимизиран секој простор.
Палетата на бои е минималистичка и помага при создавање на чувство на пространост. Белите ѕидови и мебел визуелно ја прошируваат собата, додека во исто време има назнаки на елеганција.
Кујната е ограничена само на една работна површина и елементи сместени во нишата.
Едната страна од каучот е поставена наспроти голема бела полица за книги која го опкружува поголемиот дел од станот и вешто го крие пристапот до спалната соба со голема стаклена врата.