Во јапонскиот главен град Токио е изградена резиденцијата „Камиума Хаус“, која се карактеризира со минималистички стил и триаголна геометрија.
При изградбата на куќата, покрај за едноставноста на формите се водело сметка и за сите природни елементи, како што се можност за влез на големо количество сончева светлина во внатрешноста и за слободен проток на воздух.
Во услови на опкруженост со многу други станбени објекти оваа амбиција е остварена со изградба на три шуплини, кои ја играат улогата на посреден простор меѓу екстериерот и интериерот.
Триаголните форми на градбата прозлегуваат од фактот што куќата е изградена на триаголна парецела, па архитектите решиле т.н. мртов простор на аглите да го искористат за отворање кон надворешноста.
Како резултат на сето ова добиена е една модулација која овозможува интеракција и хармонична коегзистанција на куќата со опкружувањето.