Куќата се наоѓа во Мартис кампот во Калифорнија. Сопственикот барал куќата да биде комбинација на модерна архитектура со рустикална колиба. Семејната куќа, далеку од градскиот живот, се користи за одмор.
Куќата има два покрива во облик на крила. Станбениот простор го сочинуваат пространи соби со полирани бетонски подови кои се протегаан кон надвор и формираат трем.
Кујната и терпезаријата се дел од отворениот простор. Тие се поврзани со надворешните делови со големи прозорци и лизгачки стаклени врати.
Низ цела куќа е користено дрво во обид да се создаде рустикално чувство како во колиба. Ѕидовите и таваните се од кедар, а целиот мебел е направен од орев.
Спалните соби се многу едноставни, со малку мебел, камин и интересни светилки.
Распоредот на куќата е помалку чуден. На пример, канцеларискиот простор како да е одвоен од куќата. Опкружен е со стаклени ѕидови и има минималистички дизајн.