Јапонскиот архитект Кохта Асано дизајнирал необичен дом во својот роден град Фукушима…
Градбата презема форма на неколку коцкасти волумени, кои стојат во интеракција и сместени една над друга за да создадат комплексен профил на конструкцијата. Комплексноста на структурата го рефлектира ентериерот на овој дом исто така. Проектот е од големо лично и симболично значење за архитектурата, бидејќи неговата Фукушима неодамна беше место на голема нуклеарна катастрофа, која уништи голем дел од градот и принудно расели многу семејства.
Имотот на кој се наоѓа куќата е во посед на семејството на архитектот долги години, но оригиналниот дом е комплетно уништен од темел во тек на бура која ја погоди Фукушима по шест месеци по нуклеарната катастрофа. Новата конструкција претставува чиста инспирација за архитектот, дозволувајќи му на овој имот да ја заживее својата визија на пост-апокалиптичен дом.
Куќата се состои од девет индивидуални коцки со различни големини и нивоа кои се преклопуваат во интеракција и меѓусебно се проектираат формирајќи необичен аранжман во смисла на планови, секции и нивелации. Резултатот претставува единствена градба која изгледа како да е креирана од подинечни блокови без никаква врска со другите куќи во околината. Новата куќа не е само експериментална, туку е и многу прикладна, ако се има предвид нејзината локација која речиси и не потсетува на делот од градот кој тука некогаш се наоѓал.
Во ентериерот, просторот е креиран на неочекуван и целосно дезориентиран начин, диктиран со нерегуларните поставки на коцките во екстериерот. Внатре постојат многу двојни и тројни површини, мезанин и поделени нивоа. Дури, целата организација на домот не е хиерархиска и претставува резултат на агли под кои се поставени неговите компоненти и позиционирани во однос една кон друга.