Провинцијата Хунан во Кина и нарача на компанијата „Хаим Дотан“ од Израел да направи целосно проѕирен мост преку Жангџиајие Големиот Кањон.
Оваа структура ќе се простира на 370 метри и ќе може да држи до 800 луѓе.
Тоа ја прави оваа конструкција најдолга и со највисок стаклен мост на светот.
Овој екстремен мост има изгледи да стане едно од светските чуда, и го продолжува кинескиот тренд на градење на чудесна архитектура која ги тестира границите на човековата генијалност.
Идејата можеби делува неизводливо, но овој мост најде финансиери за изградба уште во 2012 година, на состанокот на Кинеските инвестиции за туризам во рамки на Експо Централна Кина, и се очекува изградбата да почне следната година.
Подигнат на височина од 400 метри од дното на кањонот, овој мост на своите посетители сигурно ќе им обезбеди вистинска доза на адреналин.
Посетителите ќе можат да гледаат низ стаклениот под на мостот, и доколку тоа не ги возбудува доволно, ќе биде поставен и банџи џампинг.