Во Културно-информативниот центар-Скопје вчеравечер беше отворена изложба на фотографии со мотиви од Скопје и беа доделени наградите за најдобрите фотографии од конкурсите во 2013 и во 2014 година кои на добитниците им ги врачи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Од Конкурсот за 2013 година прва награда доби Зоран Ефремов, втора награда Дарко Цветановски и трета Влахо Бранѓолица. Од конкурсот за 2014 прва и трета награда му припадна на Зоран Ефремов, а втората награда ја доби Ламбро Патче.
– На Конкурсот можеа да учествуваат професионалци, аматери и деца, согласно со утврдените критериуми, односно со фотографии кои се снимени во која било од општините кои се на територијата на градот Скопје и во кој било период на едно деноноќие и во која било сезона на годината, соопшти Град Скопје.