Германскиот графички дизајнер, Матиас Јунг ја преточил својата фантазија во интересна серија слики на надреални куќи кои пркосат на логиката и законите на физика.
Тој всушност правел спој од различни фотографии, создавајќи интересни колажи од куќи, кои би можело да постојат само во паралелна димензија.
Зградите на овие слики се наредени една преку друга, дрвјата растат на покриви, а столбовите кои се тенки како игли, сепак се во духот на модерното.
Овие колажи кои уметникот ги нарекува архитектонски кратки песни, ги канат луѓето да визуелизираат поинаква перспктива на живот.
Е.Г.