ФОТО: Над 500 дедомразовци трчаа во Скопје

Од:

Повеќе од 500  дедомразовци учествуваа во трката долга 1,6 километри низ улиците во центарот на Скопје, како дел од програма за одбележување на Новата 2015 година.

FOTO 1_Coca-Cola Dedo Mrazovska trka_START

Илија Пајмаковски, Дарко Попацев и Богдан Цветковски во машка и Кристина Попческа, Маја Ивановска и Ана Марија Петрушевска во женска конкуренција се најдобрите кои добија медали и награди од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

FOTO_Coca-Cola trka na Dedo Mrazovci_2014

– Оваа манифестација е од забавно-рекреативен карактер и ја збогатува предновогодишната програма во Скопје. Со денешната трка Скопје се приклучува на листата метрополи од светот каде што се организира ваков настан. На денешната трка учество зедоа над 500 лица и таа ќе се организира и идната година, кога се надевам дека ќе биде помасовна, рече Трајановски.

FOTO 2_Coca-Cola_Dedo Mrazovska trka 2014

Дедомразовската трка започна од плоштадот Филип Втори, преку Македонскиот народен театар, мост „Гоце Делчев“, булевар ВМРО, булевар „Димитрие Чуповски“, улица Македонија, Плоштад Македонија, Порта Македонија, до целта кај паркот Жена Борец.

FOTO 4_Dedo Mrazovska trka_POBEDNICI

Сите средства кои беа собрани од котизацијата за учество на првата Дедомразовска трка во Скопје ќе бидат наменети за изградба на активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за вежбање, односно фитнес центар на отворено.

FOTO 3_Aleksandar Ruzevic_Dodeluvanje medali

Би можело да ве интересира

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Разбојник со нож при неуспешен грабеж повредил продавачка