Оваа двокатна куќа се наоѓа на самиот врв на заливот Каол Тонги е единствениот населен имот кој има беспрекорен поглед на целата должина на тој потег.
Сегашниот имот датира од деветнаесеттиот или почетокот на дваесеттиот век.
Студиото презентираше комплетно реновирање на надворешноста користејќи традиционални материјали, вклучувајќи камен, варовник, олово и шкрилци, но од друга страна, ентериерот е целосно модернизиран.
Главната интервенција на надворешноста вклучува засекување нови отвори на задниот дел и на страните на зградата, со што се зголемува количината на природна светлина што влегува во внатрешноста.
Ентериерот е прикриен со низа, совршено направени, дабови кутии испреплетени во камени опни.
Овие дрвени волумени помагаат да се создадат едноставни, модерни дизајни и контрасти во споредба со древните есктериерни материјали.
Скромната употреба на сите елементи и речиси испосничката едноставност на дизајнираните простории наметнува извонреден акцент на просторот и пејзажот.
Кујната и дневната соба се наоѓаат на секоја страна од влезниот дел на приземјето.
Секоја соба има големи длабоки прозорци, кои го врамуваат прекрасниот поглед на пределот од околината.
Во дневната соба, прозорските места за седење се продолжени за да се создаде база на отворен централен дел, додека помалите дрвени структури во кујната формираат клупа за трпезаријата.
На првиот кат, циркулацијата и просторот за остава ја одделуваат спалната соба од големите пропорции на бањата, која што е поставена веднаш до прозорецот и нуди неверојатен поглед на уникатната шкотска природна убавина.