Во едно источно предградие на виетнамскиот град Хо Ши Мин е изградена вила со чисти линии и отвотен простор, при што со употреба на мешовит декор архитектите успеале да ја нагласат бетонската структура на оваа модерна градба.
Самиот објект е сведен на својот минимализам, кој се состои од градба во форма на коцка со два вертикални ѕидови прекриени со зеленило.
Зеленилото остава впечаток како куќата да е слеана со пејазажот и придонесува за обезбедување силна визуелна поврзаност на вилата со дворот.
Во приземјето се сместени собата за дневен престој, трпезаријата и кујната, кои креираат единствен простор отворен од три страни кон дворот.
На катот, до кој се доаѓа преку скали кои оставаат впечаток како да лебдат, се семстени три спални соби.
Во убаво уредениот двор е изграден базен, кој е така обликуван што наликува како да претставува продолжение на ентериерот на куќата.
Целиот проект е замислен на начин кој ќе овозможи приближување на природата до човекот.