Студиото „Даблју-Ти Архитекчр“ редизјанираше една стара куќа на шкотскиот остров Кол во модерен семеен дом.
Оригиналната камена куќа е изградена кон средината на 18-от век и била напуштена во текот на втората половина на 19-от век. Од тогаш куќата била оставена на забот на времето, па кога сегашните сопственици неодамна ја наследиле, таа претставувала руина без покрив и со голем број пукнатини на ѕидовите.
Сепак основната структура на градбата била зачувана, па од ваквата руина архитектите успеале да „испорачаат“ модерен дом.
Во задниот дел на оригиналната градба сега се сместени дневниот престој и главната спалната соба, кои имаат големи прозорци од кои се пружа прекрасен поглед кон околната природа и блиското море.
Во новата доградна од западната страна на куќата се сместени уште четири спални соби, како и дополнителна просотрија наменета за општање, читање или медитација.
На овој начин е добиена единствена структура на стара градба и современа доградба, што претставѕва добар пример за зачувување на историското наследство и богатата традиција.