Во шумскиот предел на Националниот парк „Саут Доунс“ во анлиската областа Хемпшир е изградена современа дрвена куќа, која е интегрирана со природата на различни начини – од огромни прозорци со поглед кон околината, преку директниот влез од градината во дневната соба, па до големата тераса во приземјето.
Како инспирација за екстериерот на оваа дрвена двокатница послужиле класичните руски викендици.
Ентериерот потсетува на шума со која куќата е опкружена од сите страни. Белината на ѕидовите е разбиена со мебелот во природни тонови на зелена и кафена боја.
На неколку места има декоративни детали како слики во нијанси на сина, како што на ведро небо повремено ќе блесне сонце меѓу густите крошни на хемпширската шума.
Проектот е замислен целосно да се стопи со природата и околината. На тој начин сопствениците на куќата имаат целосна приватност, додека истовремено нивниот дом не го нарушува постоечкиот склад на природната убавина на хемпширскиот национален парк.