Куќата „Хаус он а Слоуп“ е одличен пример како на еден несоодветен терен за градба може да се направи вистинско ремек дело, за што градежната фирма „Делекамп Аркитектос“ доби и награда за иновативен пристап.
Куќата е изградена на стрмен терен, со што е добиена структура со несекојдневен модерен изглед. Фасадата ја сочинуваат три ѕида од камен и еден целосно изграден од стакло.
Формата на куќата е целосно прилагодена на падината на која е изградена, при што се нагласени дијагоналите, како на топографијата на теренот, така и на самата градба.
Благодарение на двете различни бои употребени во фасадата, правоаголниците се „трансформирани“ во триаголницие, со што на куќата и се дава дополнителен модерен белег.