ФОТО: Модерна куќа во Грција

Од:

Вилата „Ипсилон“ е дизајнирана од страна на лондоско-бриселското студио ЛАССА и таа на нејзините сопственици им овозможува да се качат на нејзиниот покрив и да се воодушевуваат на убавините на грчкиот полуостров Пелопонез.

Куполестата форма на вилата одговара на потребите за ретро карактеристики сместени на плодна почва меѓу планинскиот венец и совршената панорама на морското крајбрежје.

Трите различни ориентациони бетонски куполи кои го формираат покривот, исто така се ограда на три посебни дворови на приземното ниво на куќата, од кое секое има свој сончев дел од денот.

Фасадата се „витка“ кон внатрешната страна и им пружа сенка на терасуте со своите бетонски рабови кои го дефинираат тревниот покрив.

Една од дворните тераси поседува базен во облик на око и простор за сончање, додека другите формираат тремови. Финалниот сегмент се состои од многу удобно дизајнираните површини за седење.

Едниствената боја користена во декорот е белата, која го истакнува карактерот на викендицата, а материјалите користени при изградбата доаѓаат само од локални извори, со бетонот, терацото и мермерот кои изгледаат многу шик и луксузно во исто време.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска