Во местото Весткансе Зум на југот на Холандија е изградена несекојдневна модерна куќа, која со својот надворешен изглед наликува на скулптура.
Оваа минималистичка куќа има различни прозорци на секоја нејзина страна, а фасадата е со боја е идентична на бојата на песокта на плажата на која е изградена, со што целосно е вклопена во опкружувањето.
Наместо традиционалниот кос покрив, оваа куќа е изградена на начин со кој конструкцијата и нејзиниот врв се соединуваат, создавајќи модерен изглед.
Секоја од четирите страни на оваа куќа има поинаков изглед. На две од нив има прецизно пресечени отвори во близина на самиот покрив, додека нејзината јужна страна се „отвора“ кон водата и нуди прекрасен поглед.
Дневниот престој, кој гледа кон југ, има големи прозорци, кои овозмижуваат „влез“ на надворешноста во ентериерот во секој период од годината.
Внатрешноста на куќата е едноставна, како и нејзината надворешност, но при тоа сите соби целосно се разликуваат една од друга. Во таа различност е отидено да таму што дури и секоја соба има прозорци со различна големина.
Благодарение на големиот број прозорци во куќата влегува големо количество светлина, што ја прави гостољубива и одважна.