Во приморскиот град Амчит во Либан, се наоѓа оваа современа куќа, која е проектирана од бирото „Бланпаж Архитект“.
Со своите 430 метри квадратни, куќата се издвојува со неконвенционлниот дизајн.
Современата куќа има дрвенa палуба и минимална структура од челик, која е поддржана од платформата заедно со дискретно стаклено куќиште.
Куќата има три нивоа, од кои секое нуди поинаков амбиент. На горната платформа се наоѓа спалната соба која се протега во простор кој води кон базенот и убавата палуба.
Во средишното ниво се наоѓаат две спални и соба за дневен одмор, додека долниот дел од палубата се користи како патека, која се протега се до морето и води кон базенот и кон скалилата на брегот.
Архитектите конструирале многу надворшни скалила, кои овозможуваат доплнително поврзување со пејсажот кој плени со самиот поглед кон морската широчина и придонесува за дополнително уживање.