Домот, на барање на сопствениците, визуелно комуницира со другите две конструкции на плацот – кулата во кинески стил, изградена од Стен Хелберг во 1917 година и нејзиниот еднокатен додаток изграден во 1960 година.
Современата куќа има 70 метри квадратни и е интеграција на челик, дрво и стакло. кои се поставени на бетонски основи во вид на столбови. Плочите на основните столбови се накосени за пет степени, што потсетува на дизајнот на традициоиналните пагоди и со својот стил суптилно упатуваат на изгледот на кинеската кула.
На приземјето има спална соба, бања и сауна, додека на првиот кат се кујната, трпезаријата и дневната соба.
Бескрајниот базен визуелно го пресекува долниот кат.