Во рурален крај на Јужна Африка е изградена луксузна куќа што претставува одраз на елеганција и стил, со што се урива стереотипот дека домовите на фармерите се традиционални и заостанати.
Куќата е пространа и без преголеми декоративни елементи, но со несомнено јак дизајн, коси покриви и употреба на посебни природни материјали.
Внатрешнота на куќата е така организиран што секоја од нејзините простории се прелеваат една во друга. Дневната соба, трпезаријата и кујната се непосредно една до друга, што овозмижува единство на нивниот ентериер.
Стаклените прозорци и преклопни врати создаваат невидлива граница меѓу внатрешноста на куќата и нејзиното опкружување.
Во западното крило на куќата се сместени спалните соби, кои имаат сопствени приватни балкони.
Завршната обработка на куќата придонела за нагласување на чистите линии, модернииот дизајни природните материјали.