Холандското проектантско биро СЛА го дизјанираше седиштето на Центарот на еколошко образование во Амстердам, кое е пример за енергетски одржлив објект, кој води сметка за заштитата на природата.
Фасадата не градбата е прекриена со водотпорни битуменски плочки, додека на покривот се поставени соларни панели. Самата форма на објектот е замислена како пример за демонстрација на практичната примена на одржливи градежни техники и на енергетски неутрална структура.
Градбата е поставена на начин што овзоможува покривот да биде свртен кон југ долж оската исток-запад.
Објектот се состои од хол, училници, канцеларија и кантина, Од холот, кој има два влеза од спротивните страни на градбата, се влегува во училниците чии големи прозорци и стаклени врати, свртени кон север, нудат поглед кон блиската градина.
Од источната страна на градбата има колекција гнезда наменети за сместување на разни видови птици и лилјаци.