Австралиското архитектонско биро „Поли Студио“ го изработи проектот за доградба на една куќа во едврадијански стил во мелбурншкото предградие Балаклејв.
Доградбата е проектирана како аголно поткровје што нуди повеќестрана ориентација на предниот дел и остава убав впечаток кога ќе се погледне од страна.
Во стариот дел на куќата, по реновирањето, се смесетни голема спална соба за родителите, бања и работна просторија, додека во доградбата на приземјето се наоѓаат дневанта соба, трпезарија со кујна и простор за сушење алишта, кој е отворен кон градината.
На катот, кој е целиот дограден над оригиналаната куќа, се наоѓаат спални соби за децата и балкон од кој се пружа поглед кон гардината.
При проектирањето архитектите воделе сметка доградбата да биде комплементрана со оригиналната струкура и да не се двои од нејзиниот изглед. За таа цел фасадата на старата куќа е прекриена со бели бродски штици, со цел подобро да се вклопи со доградениот дел обложен со плочи од јасен, премачкани со црна боја.