Архитектонското студио „Кер Дизајн Груп“ проектираше модерна доградба на една куќа во едвардијански стил во Млебурн, создавајќи современ двокатен дом за млада брачна двојка и нивните две деца.
Доградбата се состои од два бетонски правоаголни волумени поставени еден над друг, изградени зад стариот дел од куќата.
Во долниот кат од доградбата е сместен отворениот простор за дневен престој, како и модерна кујна со голема стаклена врата од која се излегува во задниот двор на куќата.
За разлика од отворениот простор на приземјето, на катот на доградбата е сместен спалната соба за родителите, која иако е голема, сепак е и интемна и во истовреме луксузна и минималистичка.
Едноставната палета на бои со сиви, бели и црни нијанси е совршено вклопена со минималистичкиот мебел и декорот и во исто време е добиен простран и светол дом.