Во строгиот центар на Истанбул се наоѓа апартман со импресивна големина од 2.000 метри квадратни, со модерни архитектонски елементи, материјали и функционалност, дизјаниран за млад сопстевеник, согласно неговите едноставни потреби и желби.
Дизајнот е налик едноставен, но раскошен, согласно потребите на неговиот станар, чија љубов кон природата се отсликува во целиот стан. Влезниот ходник содржи богата палета од камени плочки и уметнички дела, кои се во сооднос со просторот и воедно прдизвикуваат восхит и ја привлекуваат љубопитноста за истражување на совршениот дизајн.
Дневната соба е визуелно проширена со прозорци кои се протегаат од подот до таванот. Дрвото со кое се обложени ѕидовите и таванот, дополнето со камен и железо, придонесува за отсликување на светлината од Сонцето. Домот воопшто не е прнатрупан и целиот просторот е поделен на зони за потребите на само една станар.
Дизајнерите на некој начин успеале да создадат отворен и совршен простор на енетериерот, кој овозможува отсликување на сите архитектонски елементи во куќата, како што се високиот таван, благиот полусвод направен од дрво или подкровјето каде се сместени полици за книги. Големиот камин ги поврзува горното и долното ниво на станот и претставува еден вид негово срце врз кое е ствен главниот акцент на овој простор. Инаку, каминот претставува централаното место околку кој се наоѓаат собата за дневен пресотј, кујната и поткровјето. Во согласност со „отворената“ филозофија на домот, дури и полиците за книги се отворени.
Гурманската кујана која е сон на секого, е простор со големи димензии, каде е сместена и печка на гас и има се што е потребно на дофат на рака. Од задниот дел, лебди сет кој со својот невообичаен стил, како навидум де се издвојува од ѕидот.
Спалната соба која е сместена на горното ниво и го става креветотот на пиедестал. Погледот одозгора ги открива црните камени плочи кои се на подот и ѕидот, модерниот мебел во согласност со каминот, кој е во функција, веднаш да го загрева овој дел од просторот. Светилките висат на различните нивоа и воедно даваат комплетна целина на убавиот дом.
Отворената филозофија на овој простор се глада и во тоа што од спланата соба веднаш се влегува во убаво дизајниранта бања, која е збогатена со многу ситни дополнителни елементи и детали, како што се миризливите свеќи и етричните масла кое даваат прекрасен мирис и ја доловуваат мистериозноста на древните времиња. Бањата е одвоено од спалната соба со двоен стаклен ѕид и мат стаклената врата.