На една тивка локација во Шведска изграден е многу интесен дом, кој претставува прототип во однос на другите куќи, бидејќи ниту еден детал во него не копија, ниту пак наликува на нешто веќе видено.
Домот е изграден е од вонвременски материјали одбрани од архитектот Герет Виндардх, со цел да се создаде едноствана комоција и леснотија.
Отворениот животен план кој обезбедува продолжение на просторот и создава еден неверојатен лавиринт до морето. Денеска ќуќите се се помали, па може да се каже дека три метри висок таван и прозорци од подот до палфонот, можат да создат илузија на поголема пространост.
Минмалистичкиот дом продолжува се до отворениот простор, каде големата дрвена палуба од 40 квадратни метри, води се до работ на базенот и нуди убав поглед кон морето од задната страна.
Модерниот дом во Шведска со површина од 289 метри квдратни се наоѓа во Фрагил Вала Бај во Саро, на плац од 4.220 метри квадратни. Бетонот и дрвото даваат убав спој на студено и топлоо, што е типично за скандинавските земји. Од југозападната страна се наоѓа целосно застаклената фасада, која како да го повикуваат сончевите зраци и служи како главно место за забава во приквечерието, нудејќи бескрајни и едноставни моменти.
Оваа убава и модерна куќа има соспствена плажа, а модерната лизгачка врата го поврзува приземјето со дивата, но сепак инспиративна, околина.