Еден богат американски бизнисмен во 1970 година изградил луксузен подземен дом во Лас Вегас, кој бил замислен како скривница за неговото семејство во случај на нуклеарен напад.
Овој неверојатен дом е „задскриен“ зад една карпа на која има врата што води осум метри под земјата до фасцинантиот лажен свет.
Скалите од влезот водат до „двор“ кој опкружува двокатната куќа и еднособен гостински апартман.
Дворот е прекриен со карпи и вештачки дрва и растенија, кои во голема мерка изгледаат реално, а во него има и џакузи, термален базен, шанк и подиум за танцување.
Сводот на скривницата е прекриен со мурал од 360 степени, кој создава илузија како да се наоѓате на отворено, за што придонесува и одлучната вентилација на целиот простор.
Воодушевени од овој подземен дом, неговите сопственици не ни чекале да почне „нуклераната војна“, туку веднаш се вселиле во него и цело време живееле под земја.