Шпанското архитектонско студио „Фран Силвестре Аркитектос“ дизајнираше проект за уредување на модерен дом, наречен „Антигво Реино“.
Овој современ стан се наоѓа во типична „Енсанче“ зграда во центарот на шпанскиот град Валенсија.
Дневниот простор во станот „се отвора“ кон главната фасада на зградата, создавајќи континуиран простор дефиниран со мебел што содржи структурни елементи.
Од друга страна, спалните соби е ориентирани кон задната фасада и внатрешниот двор на зградата.
Дополнителна модерна карактериситка на овој стан му даваат топлиот тон на подот и вграденото вештачко осветлување.
За да добојат визуелен впечаток на поголема пространост, архитектите се потрудиле да избегнат „поделба“ на дневениот простор на повеќе помали соби, туку се решиле за една отворена целина.