Куќата Д58 во Милковој во Полска, е со впечатлив дизајн кој се потпира на современиот сензибилитет и елегантна едноставност.
Полските архитекти од „Видвеши Студиото“, користејќи минималистички пристап во дизајнот извлекле максимум од еден отворен простор и направиле едноставен природен тек низ ентериеот на оваа куќа.
Топлите површини од дрво од американски орев прават рамнотежа и објективна јаснотија, а црно-белата шема доминира во дизајнот на енетериерот. Во сето ова, внимателно избраните бои, дизајнерите истражуваат различни материјали и текстури кои на сето додаваат интеракција на различни функции. Овие елементи и материјали помагаат за подобровување на минималистички тон на дизајнот, кој дава голем простор.
Просторијата за дружење е лоцирана на приземјето, кое има преубава модерна кујна со минималистички бели кујнски елементи и остава која е сместена во средината на просторот. Црнот ѕид со телевизор се наоѓа со дневната соба, каде доминираат храбрите и агресивни, но сепак топли детали во ентериерот.
Трпезаријата е направена со тркалезна маса и столици и многу убаво ја поврзува сјајната кујна со темно обоената дневна соба. Акцентите и приборот се во склад со строгите бои и се вклопуваат преубаво додавајќи суптилни текстури и игри.
Просторот за складирање, воглавно е сокриен низ целата куќа за да се зачува минималистичкиот дизајн. Горниот кат има мала сала за вежбање со црно-бела минималистичка бања и мала светла соба со модерна и многу голема бања.
Сите заедно формираат пријателски и интимен животен простор. Единствена работа која посебно се одвојува во овој совршен енетериер се убавите цвеќиња и вегетација од разно зеленило.