Поголемиот број кујни се состојат од еден голем систем на висчеки елементи, работни маси и мијалници, кои немаат можност за трансфомација.
Меѓутоа, шпанското студио „МУТ Дизјн“ реши да и стави крај на ваквата пракса, дизјанирајќи кративно решение за кујнските елементи, наречено „Флоат“.
Кујната „Флоат“ се состои од кујнски елементи, кои не само што се подвижни, туку со и така дизјанирани што со својот изглед наликуват на модерен мебел.
Целиот систем се состои од работна маса-остров со мијалник, креденец, орман за стакларија, прегради за просторијата и количка.
При изработката на оваа минималиситчка подвижна кујна се користени бакар, мермер и дрво од јасен, што на целата колекција и дава модерен изглед, а внимателно избраните детали како фиоките на „островот“ до кои може да се пријде од сите страни, го прават целиот систем многу практичен.