Во руралниот дел на Франција е изградена минималистичката куќа „Квајет Хаус“, која се состои од четири функционални целини.
Главен предизвик за архитектите бил да обезбедат единствена градба на нерамниот терен преку различни нивоа на нивелација, што како финален производ била куќа „свртена кон внатрешноста“ од која се пружа прекрасен поглед кон блиската долина прекриени со лозја.
Белата боја на куќата е во спротивност со опкружувањето, што ја прави впечатлива и лесно воочлива.
Куќата е составена од четири одвоени делови затворени со надворешен ѕид, со што се добиени четири внатрешни дворови на различни нивоа. Секоја од собите во куќата е отворена кон внатрешните дворови, со што се создва поврзаност меѓу ентериерот и екстериерот.
Минимализмот на структурата е задржан и во ентериерот, каде со чистите палети на бои и ограничените декоративни елементи, се создава чивство на пространост и поголема квадратура.
Во амбиентот на светли бои посебно се истакнуваат светло жолтата софа и симпатичните сини столица, кои го надополнуваат совршенството на просторот.