ФОТО: „МИЛЕСИМЕ“ – Ковчег за вино од 100.000 евра

Од:

Француската компанија „Т.Т.Трункс“ го претставува своето ново ремек дело. Станува збор за импресивниот „МИЛЕСИМЕ Трунк Т512“ ковчег, што е креиран за складирање на шампањ и вино.

За изработка на еден ваков ковчег потребни се минимум 1050 часови.

За да се создаде блескавиот сјај што го поседува, овој ковчег е обложен со електрично син „Динамик“ микрофибер.

Исто така, тука се и црните детали од истиот материја, што создаваат совршен контраст.

Овој ковчег поседува ВИ-ФИ стерео звучници, обложени со ткаенина што совршено го пропушта звукот.

Во ковчегот можат да бидат складирани 20 шишиња вино и шампањ – 10 во замрзнувачот, односни винскиот подрум, и по пет во секоја од фиоките од страна.

Заедно со ковчегот доаѓаат и 16 кожни подметнувачи, по осум чаши за вино и шампањ од „Бакарат“ брендот, како и сите неопходни аксесоари за уживање во виното.

Благодарение на тркалата од полиран месинг, овој ковчег може по желба да се поместува.

Надворешноста на ковчегот е обложена со црна кожа, што е украсена со никлувани полирани детали и рачки со метални детали.

„Милесиме“ доаѓа со кожен кофер, специјално наменет за едно шише вино и две чаши.

Цената на овој ковчег е 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска