Актерката Мила Кунис на премиерите на филмот „Волшебникот од Оз“ се појави во дизајнерски фустани, со кои присутните ги остави без здив.
Кунис за кратко време стана модна миленичка, благодарение на изборот на фустани што ги избра за премиерата на филмот во Лос Анџелес, во Москва и во Лондон.
На премиерата во Лос Анџелес, 25-годишната Кунис се појави во фустан на Долче и Габана и сатенски чевли од Кристијан Лобутин.
На лондонската премиера актерката се појави во фустан на Александар Меквин. Но, модните критичари и забележаа на нејзината пуштена коса.