Украински дизајнери од студиоито Левантин дизајнираа масичка за кафе „Ротонд“.
Во формата изгледа како архитектонска сткутура – мал тркалезен видиковец покриен со купола.
Масата направена е од тенки метални шипки и се чини дека целата структура е светла и проѕирна. На малата маса можете да ставите филџан кафе или чај, столна ламба или декоративна чинија.
Покрај тоа, на масата има полица за списанија и весници и внатре во „објектот“, можете да ставите било кое растение или мало дрво кое ќе ја краси собата.
„Ротондо“ е достапен во четири бои – бела, црна, жолта и црвена и во зависност од дизајнот може да биде и елегантен и ненаметлив внатрешен детал или пак може да претставува посветол и атрактивен акцент во секој ентериер.