Куќата „Пирамид Хаус“, дело на мексиканскиот архитект Хуан Карлос Рамос, го привлекува вниманието со својата едноставна геометриска форма на пирамида која претставува одраз на чистата естетика.
Применетата форма при изградбата на оваа концептуална куќа озвозможува поставување на поголем број прозорци на четирите триаголни надворешни ѕидови, што овозможува влез на големо количество природна светлина во нејзината внатрешност.
Дополнително, еден од четирите надворешни ѕидови е целосно прекриен со прозорци, со што се нагласува дизајнот на куќата и овозможува видливост во нејзината внатрешност.
Покрај стандарните салон, трпезарија, кујна и бањи, оваа куќа има и две спални соби, библиотека и работен кабинет.
Сите простории, заедно со балконот, се мудро профилирани во единствена целина што го изразува овој неконвенционален концепт.