Еколошка колекција на мебел во облик на кањон.
Мебелот е направен да личи на слоеви на американскиот Голем Кањон. Оваа еколошка колекција на мебел ја дизајнираше Џанкарло Зема Дизајн Груп за „Origami Furniture“, млад бренд кој ја става креативната вештина во срцето на својата филозофија.
Тие сакаат да ја почитуваат природата и да создадат функционални делови на мебел. По заедничкиот процес на рециклажа, асортиман на отпадни материјали е променет во нови производи кои го сочинуваат мебелот „Canion Collection“.
Тие изгледаат убаво во канцеларија или чекална на големо претпријатие. Меките линии на дизајнот јасно претставуваат органски облици, бидејќи Џанкарло Зема Дизајн Груп промовира хармонија меѓу човековото жиеење и природниот свет.
Колекцијата мебел од картон е претставена на неодамна одржаната Недела на дизајнот во Милано.