Во местото Кампо Гранде во Бразил е изградена мала функционална куќа наречена „Проект 1220“, дело на дизјнерот Алекс Ногеира.
Куќата со својата едноставност целосно се вклопува со теренот на кој е изградена. Иако е со мала површина, умно осмислениот дизајн овозможува совршено вклопување на просторот за дневен престој со зоната за спиење.
Со отоврањето на фронталната фасада е остварена синергија меѓу екстериерот и ентериерот, со што се добива впечаток на поголема пространост на куќата.
Долж целата странична фасада на куќата се распоредени стаклени ѕидови и врати, преку кои се преминува на малата тераса од која се пружа преубав поглед кон дворот со микро пејзаж и метани скултури и кон синото небо.
Структурата со нагласени бетонски и метални профили создава естетската игра, која воспставува баланс меѓу суптилното и објективното.