Пренамената на објектите не претставуваат никаква новост денес. а токму еден таков пример е градбата наречена ООД, која иницијално е изградена да служи додаток на монтажен хотел, но сега е адаптирана во модерен дом.
Најпрепознатливиот детал поврзан со оваа куќа изградена во Естонија е нејзината надворешноста, кој се карактеризира со фасада од огледала.
Токму оваа карактеристика овозможи куќата совршено да се вклопува во својата околина и ја направи совршен објект како за во руралните, така и во урбаните средини.
Распоредот во куќата вклучува кујна, дневен престој, бања и спална соба со голем специјално креиран кревет, кој има платформа на извлекување што овозможува да се обезбеди уште едно место за спиење во случај на потреба.
Овој простор е со ѕидови од рефлектирачко стакло и се отвара кон надворешната страна пружајќи прекрасен поглед кон околината.
Куќата чини 33.000 евра и за оваа цена новиот сопственик добива се што му е треба, вклучитечно и мебел изработен по мерка.