Во шума во францускиот регион Нормандија е изградена едноставна и шармантна куќа во која нема вишок детали и е во целосен склад со природата.
Куќата е со површина од 70 метри кавдратни и целиот простор во неа е искористен на најсоодветен начин.
Куќарката има мала дневна соба, трпезарија и кујна, а високиот таван придонесува малите соби да изгледаат поголеми од колку што се, а воедно овозможува и подобро проветрување.
Спалната соба содржи неколку крвети, а добриот распоред на огледалата остава визуелна впечаток на поголема пространост.
Од спалната соба се излегува на голема тераса од која се пружа поглед кон околните прекрасни пејзажи.