Њујоршката компанија „Грин Ајсланд Екоактив“ направи револуцинерен чекор во градежништвото, градејќи куќа во која како материјал се користени печурки.
Куќата од печурки е многу мала, но и покрај овој хендикеп, таа претставува сензационален исчекор во употребата на „зелени“ еколошки материјали.
За разлика од праксата кај класичните куќи, ѕидовите на оваа градба се обложени со микелиум, што овозможува херметичка и извонредна термичка заштита. Од друга страна, ваквата изолација ја прави куќата е отпорна на оган.
Покрај надворешноста, и самиот таван во куќата е прекриен со плочки изработени од печурки.
Идејата на ваквиот објект е изградба на куќи кои ќе бидат пријателски настроени кон природата и ќе помагат во зачувувањето на животната средина.